| | Sitemap | EN | SQ



Состанок со ЕПО на тема "Билатерална соработка"

Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Горан Герасимовски денеска одржа состанок со Европската патентна организација (ЕПО) која во следните четири години ќе имплементира 7 проекти во областа на ИТ технологијата.
На денешниот состанок кој беше организиран од ЕПО на чија покана учествуваа сите земји членки за билатералната соработка, како дел од Стратешкиот план 2020 – 2023 година стана збор за ИТ проектите, теренскиот пристап и поттикнувањето на иновации од областа, новата структура и пристап кон образованието за ИП и сертифицирање. Исто така на состанокот беа споделени и резултатите од истражувањето за 2020 година.
Преку оваа соработка Државниот завод за индустриска сопственост заедно со ЕПО ќе ги доближи услугите до иноваторите, особено за проектите од ИТ технологијата.

25.02.2021


Галерија на слики