| | Sitemap | EN | SQ



26 Aприл - Светскиот ден на интелектуалната сопственост

26 април, Светскиот ден на интелектуалната сопственост, Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија го одбележа со низа активности. Се одржа свечената манифестација “Патент на годината - 2018“. На манифестацијата беа присутни понајдувачи, застапници и други претставници кои се директно или индиректно вклучени во процесот на заштита со правата од интелектуална сопственост.
Во поздравниот говор, заменик директорот на Заводот Горан Герасимовски, на присутните гости, им се обрати и ги изнесе најновите активности во областа на индустриска сопственост како и укажа на идните активности кои ќе се превземат за подобрување на работата на Заводот како и активностите кои што Заводот ќе ги превземе со цел да се подигне јавната свест за значењето и придобивките на правата од индустриска сопственост како и зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка во рамките на системот на правата од интелектуална сопственост.

Традиционалната награда “Патент на годината - 2018“, беше доделена на пронајдувачот Петар Индовски, за пронајдокот “СОНДА ЗА МЕРЕЊЕ НА ВРЕМЕТО НА ПРОДОР НА ВОДА НИЗ ПОЧВАТА И ВЕРТИКАЛЕН ПРОФИЛ НА ВЛАЖНОСТА”. На присутните гости им се обрати и пронајдувачот, г. Индовски претставувајќи го неговиот пронајдок како и неговата примена.
На манифестација, заменик директорот на Заводот, г-дин Горан Герасимовски ги врачи и наградите на македонските жени пронајдувачи кои беа добиени на Меѓународна изложба на жени пронајдувачи “KIWIE 2018” како и наградите кои што нашите пронајдувачи ги добија на саемот на иновации и иновативни технологии АРХИМЕД 2019 одржан во Москва.

Исто така, во рамките на одбележувањето на 26 април - Светскиот ден на интелектуалната сопственост беше спроведена и кампања за промоција на правата на индустриска сопственост како и за подигање на јавната свест за значењето и придобивките од заштитата на правата од индустриска сопственост. Во рамките на кампањата беа поставени два штанда, и тоа на плоштад Македонија во Скопје како и во Скопје Сити Мол. На штандовите беше поделен промотивен материјај, беа дадени информации за правата од индустриска сопственост како и се одговараше на големиот број на прашања на заинтересираните граѓани.

30.04.2019