| | Sitemap | EN | SQ



Со заштита на правата од интелектуална сопственост го унапредуваме креативниот потенцијал во државата

 

Се одржа првата седница на Координативното тело за интелектуална сопственост, формирано според препораките од релевантните европски и меѓународни тела и институции. Започнуваат активностите за борба против пиратеријата и фалсификувањето.

Согласно Акцискиот план, започнува реализацијата на координирани акции низ градовите во Република Северна Македонија, со цел ефикасна заштита на правата на интелектуална сопственост.Во соработка со надлежните институции, Координативното тело за интелектуална сопственост ќе учествува во организирација и спроведување јавно ништење на запленетите пиратски и фалсификувани предмети за кои има правосилни судски одлуки.

Координативното тело за интелектуална сопственост е постојано тело за воспоставување на координација во спроведување на заштитата на правата од индустриска сопственост и на авторското право и сродните права. Ова тело ја овозможува неопходната соработка за постигнување ефикасна заштита на овие права, како основен предуслов за унапредување на креативниот потенцијал во државата. На овој начин се утврдува економскиот потенцијал на правата на интелектуална сопственост, но и негативното економско влијание од повредите на правата од интелектуална сопственост. Со своите активности, координативното тело ќе го поддржи процесот на законодавството и утврдување на мерки за јакнење на институционалниот и административниот капацитет за заштита на правата од интелектуална сопственост.

Координатинатор на телото е заменик директорот на Заводот за индустриска сопственост Горан Герасимовски, а е составено од претставници на државните органи кои се директно или индиректно вклучени во спроведување и заштита на правата од интелектуална сопственост, и тоа: Државен завод за индустриска сопственост, Министерството за култура, Царинска Управа, Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Секретаријат за европски прашања, Министерството за правда и Управата за јавни приходи.

22.02.2019