| | Sitemap | EN | SQ



Kонференција на тема Трансфер на технологија и правата на интелектуална сопственост во Република Македонија

Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на активностите за одбележување на 25 годишнината од основањето, ќе организира конференција на тема Трансфер на технологија и правата на интелектуална сопственост во Република Македонија. Конференцијата се организира во соработка со Заедничкиот истражувачки центар на Европската Комисија и на истата ќе земаат учество еминентни експерти од Светската организација за интелектуална сопственост, Европскиот патентен завод, Заедничкиот центар за истражување на Еврoпската комисија како и национални експерти.

Конференцијата ќе се одржи на 18 октомври 2018 година во Музејот на современата уметност во Скопје со почеток во 09:00 часот.

09.10.2018