| | Sitemap | EN | SQ



Делегација на Агенцијата за индустриска сопственост на Република Косово во посета во Република Македонија

 

Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Д-р. Сафет Емрули, на 17 Април 2018 година ја причека делегацијата на Агенцијата за индустриска сопственост на Република Косово, предводена од  г-дин.Иса Дукај Генералниот Директор на Агенцијата.


На состанокот што се одржа во просториите на Државниот завод за индустриска сопственост се дискутираше за начините на сорабока во полето на индустриска сопственост, со посебен акцент за организација во делот на индустриска сопственост и како за помошта  за зачленување на Република Косово во меѓународните организации за индустриската сопственост.

Објавено на 18.04.2018


Галерија на слики