| | Sitemap | EN | SQ



Извештај по повод 26 Aприл

По повод 26 април, Светскиот ден на интелектуалната сопственост, Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија го одбележа со свечено доделување на награда “Патент на годината - 2016“. Манифестацијата беше организирана во конференциската сала на Хотел “Bushi“ – Скопје и на неа беа присутни понајдувачи, застапници и други претставници кои се директно или индиректно вклучени во процесот на заштита со правата од интелектуална сопственост.

Во поздравниот говор, заменик директорот на Заводот г-динот Мите Костов, на присутните гости, им се обрати на присутните и ги изнесе најновите активности во областа на индустриска сопственост какои и укажа на идните активности кои ќе се превземат за подобрување на работата на Заводот со цел да бидат задоволени потребите на самите корисници на услугите кои ги нуди Заводот. Во рамките на активностите на Државниот завод за индустриска сопственост, во тек е твининг проектот,  Зајакнување на спроведување на правата од интелектуална сопственост, кој е во соработка со Данскиот завод за патенти и трговски марки. Во рамките на овој твининг проект во тек е кампања за подигање на свеста кај јавноста и малите и средни претпрјатија за заштита од фалсификуваните производи  и за значањето и придобивките од заштитата на правата од интелектуална сопственост. Изработена е и брошура во која се претставени  три најуспешни претпријатија. Во овие брошури, претпријатијата ги споделија своите совети за нивните успеси, како резултат на  заштита на правата од интелектуална сопственост. Експерт од Данскиот завод за патенти и трговски марки, изнесе детали околу активностите на кампањата за заштита од фалсификувани производи и правата од интелектуална сопственост.

На оваа манифестација, беше пренесена пораката на генералниот директор на Светската организација за интелектуална сопственост, г-динот Francis Gurry, која беше дадена по повод Светскиот ден на интелектуална сопственост а се однесуваше на: Иовациите кои го подобруваат квалитеот на животот, иновации кои имаат добра причина за нивно создавање, со цел за подобрување на квалитетот на животот - “продолжуваме во рамките на  системот на интелектуална сопственост  да ги поддржуваме  иновациите со привлекување на инвестиции, ќе продолжиме со наградување на  творците, охрабрувајќи ги да ги развиваат своите идеи и своите нови знаења да бидат слободно достапни. Така што во иднина  со помош на иноваторите и нивните идеии, може да се подобри денешната нова технологија, со што би се олеснило денешното и идно живеење.”

Традиционалнта награда “Патент на годината - 2016“, беше доделена на пронајдувачот Митре Петковски, за пронајдокот “Синхронизиран погонски преносник за ветерници со две спротивно ротирачки турбини поставени на иста страна во однос на генераторот”. На присутните гости им се обрати и пронајдувачот, г. Петковски претставувајќи го неговиот пронајдок како и неговата примена.

Објавено на 28.04.2017