| | Sitemap | EN | SQ



Конфереренција за проектот "Tехничка подршка на Државниот завод за индустриска сопственост"

Државниот завод за индустриска сопственост, на 25.11.2016 година одржа конфереренција на која беше презентиран проектот Tехничка подршка на Државниот завод за индустриска сопственост, кој е финасиран од Владата на Кралството Норвешка.

Проектот, Tехничка подршка на Државниот завод за индустриска сопственост има за цел воспоставување систем за услуги и размена на информации помеѓу Државниот завод за индустриска сопственост и клучните чинители во областа на индустриската сопственост.
За постигнување на проектната цел најнапред се изготви Физибилити студија, со која што се оценија актуелните состојби во поглед на законската и институционалната рамка на системот за размена на информации, се предложија решенија за негово унапредување, и се дефинираа целите кои ќе се постигнат со имплементирање на предложените решенија.

Проектот предвиди изработка на платформа за размена на и користење информации и податоци во системот на индустриската сопственост. Поради спецификите на системот и на заинтересираните страни платформата е поделена во 4 засебни модули  и тоа:

Модул 1: Услуги што Државниот завод за индустриска сопственост ги пружа на јавноста
Модул 2: Практиката на Државниот завод за индустриска сопственост
Модул 3: Практиката на Управниот суд на Република Македонија
Модул 4: Полагање на стручен испит за застапници за индустриска сопственост и информации за застапниците

29.11.2016


Галерија на слики