| | Sitemap | EN | SQ



Светски ден на интелектуалната сопственост 2016 – “Дигитална креативност: нови претстави за културата”

Порака од генералниот директор Франсис Гари

Светскиот ден на интелектуалната сопственост, кој што го прославуваме секоја година на 26 април, е можност да ги прославиме креаторите и иноваторите кои го збогатуваат нашиот свет, и кои ја сочинуваат основата на нашиот културен и технолошки развој. Оваа година, темата на Светскиот ден на интелектуална сопственост е Дигитална креативност: нови претстави за културата.

Преку дигиталната креативност се создаваат нови престави за културата. Начинот на кој креативните дела се создаваат во светот, видот на делата кои се создаваат, начинот на кој се распространуваат и начинот на кој тие се користат и уживаат во светот, сето тоа се согледува на нов начин како резултат на дигиталната технологија.

Интернетот е светска сцена. Тој создава огромни можности за креаторите. Замислете ја еволуцијата на креаторот низ годините и начинот на кој креаторите и изведувачите комуницираат со нивната публика. Некогаш, оваа комуникација беше ограничена само за оние кои лично присутвувале на изведбите. Сега, со интернетот, публиката може да биде целиот свет. Ова претставува огромна креативна можност. А исто така и огромна економска можност. На светскиот ден на интелектуалната сопственост во 2016 год. сакаме да ја прославиме токму оваа можност.

На овој ден, кога ја прославуваме дигитална креативност во светот, треба да размислиме како да го најдеме вистинскиот баланс – баланс кој ја признава важноста на креаторите и иноваторите за напредокот кој го гледаме, културен и технолошки, и како резултат на дигиталната технологија.

Затоа, ве покануваме да ни се придружите на Светскиот ден на интелектуалната сопственост, без разлика дали тоа ќе биде на еден од бројните настани кои се одржуваат низ светот или со ваше присуство преку Facebook, Twitter или други социјални медиуми. Исто така ве покануваме да ни се придружите во предизвикот да го најдеме вистинскиот баланс помеѓу наградувањето на креаторите и иноваторите кои ги збогатуваат нашите животи, и обебедување на социјални придобивки од широкиот пристап до нивните дела.

 

 

26.04.2016