| | Sitemap | EN | SQ
Женевски акт на Хашки договор
ЖЕНЕВСКИОТ АКТ НА ХАШКИОТ ДОГОВОР КОЈ СЕ ОДНЕСУВА НА МЕЃУНАРОДНАТА РЕГИСТРАЦИЈА НА ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН

Објавен во “Службен весник на РМ.” бр.33/05

ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Член 1

Скратени изрази За целите на овој Акт:

(i) "Хашкиот договор" значи Хашкиот договор кој се однесува на меѓународен депозит на индустриски дизајн, подоцна преименуван во Хашки договор кој се однесува на меѓународната регистрација на индустрискиот дизајн;
(ii) "Овој Акт'' значи Хашкиот договор донесен според постоечкиот Акт;
(iii) "Правилник" значи правилник според овој Акт;
(iv) "Пропишано" значи пропишано според Правилникот;
(v) "Париска конвенција" значи Париска конвенција за заштита на индсутриската сопственост, потпишана на 20 март 1883, ревидирана и дополнета;
(vi) "Меѓународна регистрација" значи меѓународна регистрација на индустрискиот дизајн согласно овој Акт;
(vii) "Меѓународна пријава" значи пријава за меѓународна регистрација;
(viii) "Меѓународен регистар" значи службено собирање на податоците во врска со меѓународната регистрација кое го води Меѓународното биро, кои ги бара или ги одобрува за архивирање овој Акт или Правилникот, без оглед на медиумот на кој тие податоци се чуваат;
(ix) "Лице" значи физичко или правнр лице;
(х) "Пријавувач" значи лице во чие име е поднесена меѓународната пријава;
(хi) "Носител" значи лице во чие име е запишана меѓународната регистрација во Меѓародниот регистар
(xii) "Меѓувладини организации" значи меѓувладини организации кои можат да станат страни на овој Акт согласно членот
(xiii) "Договорни страни" значи земји или меѓувладини организации членки на овој Акт;
(xiv) "Дoговорна страна на пријавувачот" значи договорна страна или една од Договорните страни од која пријавувачот го добива правото да поднесува меѓународна пријава по пат на задоволување, во врска ро таа Договорна страна, на најмалку еден од условите специфицирани во Членот 3; во случај кога има две или повеќе Договорни страни од кои пријавувачот може, согласно членот 3, да се здобива со право да поднесува меѓународна пријава,
(хv) "Територија на Договорната страна" значи, во случај кога Договорната страна е држава, територија на таа држава и, кога Договорната страна е меѓувладина организација, територија на која се однесува договорот за работа на меѓувладината организација;
(XVI) "Завод" значи агенција на која Договорната страна и ја доверува работата за заштита на индустрискиот дизајн која е на територија на Договорната страна; (хvii) "Испитувачки завод" значи завод кој ех officio ги испитува однесените пријави за заштита на индустриски дизајн со цел да определи дали индустрискиот дизајн ги задоволува условите за новост;
(ХVIII) "Означување" значи барање меѓународната регистрација да има важност во Договорната страна; тоа исто така значи и запишување на тоа барање во Меѓународниот регистар; (xix) "Означена Договорна страна" и "означен Завод" значи Договорната страна или Заводот кај Договорната страна на кои се однесува означувањето; (хх) "Акт од 1934 година" значи Актот на Хашкиот договор потпишан во Лондон на 2 јуни 1934 година;
(ххi) "Акт од 1960 година" значи Акт на Хашкиот договор потпишан во Хаг на 28 ноември 1960 година;
(ххii) "Дополнителен акт од 1961 година" значи Актот кој е дополнение на Актот од 1934 година, потпишан во Монако на 18 ноември 1961 година;
(ххiii) "Дополнителен акт од 1967 година" значи Дополнителниот акт на Хашкиот договор потпишан во Стокхолм на 14 јули 1967 година;
(ххiv) "Унија" значи Хашката унија основана согласно Хашкиот договор на 6 ноември 1925, потврден со Актот од 1934 и 1960 година, со Дололнителниот акт од 1961 година, со Дополнителниот акт од 1967 година и со овој Акт;
(ХХV) "Собрание" значи Собранието од членот 21(1)(а) или друго тело кое го заменува;
(ххvi) "Организација" значи Светска организација за заштита на интелектуалната сопственост;
(xxvii) "Генерален директор" значи Генералниот директор на Организацијата;
(ххviii) "Меѓународно биро" значи Меѓународното биро на Организацијата;
(ХХIX) "Инструмент за ратификација" значи доставени инструменти за прифаќање или одобрување.


Член 2

Применливоста на останатите заштити согласно законите кај Договорните страни и постоечките меѓународни договори

(1) [Закони кај Договорните страни и постоечки меѓународни договори) Одредбите од овој Акт нема да имаат влијание врз применување на поголема заштита која може да биде признаена според законот на договорната страна, ниту ќе има влијание врз заштитата на уметничките дела или делата од применетата уметност кои се заштитени согласно договорите и конвенциите за заштита на авторското право, или врз заштитата на индустрискиот дизајн согласно ТРИПС Договорот како дополнување на Договорот за основање на Светската трговска организација.
(2) [Обврска за усогласување со Париската конвенција]. Секоја Договорна страна ќе се усргласи со одредбите од Париската конвенција кои се однесуваат на индустрискиот дизајн.

ОДДЕЛ I: МЕЃУНАРОДНА ПРИЈАВА И МЕЃУНАРОДНА РЕГИСТРАЦИЈА

Член 3

Право за поднесување меѓународна пријава Секое лице кое е државјанин на земјата која е Договорна страна или Држава членка на меѓувладина организација која е Договорна страна, или е домицил, кое е резидент или има вистинско и ефективно индустриско или комерцијално претпријатие на територијата на Договорната страна, има право да поднесе меѓународна пријава.

***

Во прилог ви го доставуваме комплетниот текст за симнување.

 


Превземи

Објавено на 31.05.2011