| | Sitemap | EN | SQ
EPK
КОНВЕНЦИЈА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ЕВРОПСКИ ПАТЕНТИ
(ЕВРОПСКА ПАТЕНТНА КОНВЕНЦИЈА)

од 5 октомври 1973
како што е изменета и дополнета со Актот за изменување и дополнување на членот 63 од ЕПК од 17 декември 1991
и Актот за изменување и дополнување на ЕПК од 29 ноември 2000

Објавена во “Службен весник на Република Македонија” број 126/08

ПРЕАМБУЛА


Договорните страни,

САКАЈЌИ да ја зајакнат соработката помеѓу државите од Европа во областа на заштитата на пронајдоците,
САКАЈЌИ таквата заштита во тие држави да се обезбеди преку единствена постапка за признавање на патенти и преку востановување определени стандардни правила за патентите признаени во таквата постапка;
САКАЈЌИ за таа цел да ја склучат Конвенцијата за основање на Европската патентна организација, која претставува посебен договор во смисла на членот 19 од Конвенцијата за заштита на индустриската сопственост, потпишана во Париз на 20 март 1883 и последен пат изменета на 14 јули 1967 и регионалниот договор за патенти во смисла на членот 45 став 1 од Договорот за соработка во областа на патентите од 19 јуни 1970,

СЕ ДОГОВОРИЈА за следното:

Дел I
Општи и институционални одредби
Глава I
Општи одредби
Член 1
Европско право за признавање на патенти

Со оваa конвенција се утврдува заедничкиот правен систем на договорните страни за признавање патенти за пронајдоци.

Член 2
Европски патент


(1) Патентите издадени врз основа на оваa конвенција се нарекуваат европски патенти.
(2) Во секоја од договорните страни, за која е издаден, европскиот патент има исто дејство и за него важат истите прописи како и за национален патент издаден од договорна страна, освен ако со оваa конвенција не е поинаку предвидено.

Член 3

Територијално дејство

Признавањето на европски патент може да биде побарано за една или повеќе договорни страни.

***

Симнете го комплетниот документот за повеќе детали.

 


Превземи

Објавено на 03.09.2013